Јавен повик за ангажирање на експерти/експертки за имплементација на родово сензитивна менторска програма во правосудството

Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во рамки на проектот „Менторство во правосудството и младинско учество за родова еднаквост“, објавува Јавен повик за ангажирање на експерти за имплементација на родово сензитивната менторска програма во правосудството.

Со јавниот повик се предвидува ангажирање на:

  • Позиција 1 – Експерт/ка – правник/правничка
  • Позиција 2 – Експерт/ка – родов експерт/родова експертка 

Избраните експерти/експертки ќе бидат вклучени во имплементацијата на веќе развиената родово сензитивна менторска програма, преку подготовка на избраните ментори за практична примена на програмата, како и преку непосредно учество во спроведувањето на менторските сесии.

Целта на ангажманот е да се придонесе кон зајакнување на капацитетите на правосудните професионалци за примена на родово сензитивен пристап, препознавање на родовите аспекти во правосудната практика, работа со конкретни случаи и ефективно споделување на знаења и професионални искуства.

Заинтересираните кандидати/кандидатки потребно е да достават детална професионална биографија (CV) на [email protected], со назнака на позицијата за која аплицираат.

Рок за аплицирање: 31 август 2026 година, до 16:00 часот.

Повеќе информации за условите, потребните квалификации и начинот на аплицирање се достапни во целосниот текст на  Јавен повик – Менторска програма 

Ana
Share
This