Во рамки на проектот „Отворено судство за отчетност и доверба“, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), со финансиска поддршка од UNOPS, беше изработена „Проценка на степенот на транспарентност, отвореност и јавна комуникација на судскиот систем во Република Северна Македонија“.
Анализата го оценува степенот на институционална транспарентност преку достапноста и навременоста на информациите, проактивното објавување податоци, комуникацијата со јавноста, користењето дигитални алатки и примената на добри практики во информирањето. Со проценката се опфатени Врховниот суд, четирите апелациони судови, сите основни судови, Управниот суд, Вишиот управен суд, Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители.
Документот ги идентификува постојните практики, разликите меѓу институциите и системските предизвици што влијаат врз квалитетот и достапноста на информациите за граѓаните, медиумите и стручната јавност. Наодите ќе послужат како основа за подготовка на практични насоки, стандардизирани обрасци за транспарентност и унифицирани материјали за отворени податоци и известување, со цел воспоставување поотворен, поунифициран и поотчетен систем на јавна комуникација во судството.
Линк за пристап до анализата: Проценка на степенот на транспарентност, отвореност и јавна комуникација на судскиот систем во Република Северна Македонија