Јавен повик за изработка на документ за јавни политики

Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“, финансиски поддржан од Европската Унија, објавува јавен повик за ангажирање на еден експерт за изработка на документ за јавни политики на тема „Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча“.

Документот ќе има за цел да ја анализира постојната правна и институционална рамка, да ги идентификува клучните предизвици во справувањето со нелегалната сеча и да понуди препораки за унапредување на законодавството, институционалната координација и јавните политики во оваа област.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите од јавниот повик потребно е да достават детална биографија  која го потврдуваат исполнувањето на бараните квалификации на [email protected], со назнака „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“ – Документ за јавни политики.

Рокот за аплицирање е до 12 август 2026 година (16:30 часот).

За дополнителни информации, контакт лице е Никола Јовановски ([email protected]).

Повеќе информации за условите, квалификациите и начинот на аплицирање се достапни во текстот на јавниот повик.

Повик-документ-за-ЈАВНИ-ПОЛИТИКИ

 

Ana
Share
This