Центарот за правни истражувања и анализи – Скопје објавува јавен повик за ангажирање две лица за обезбедување стручна поддршка при спроведувањето на проектот „Отворено судство за отчетност и доверба“ (Open Judiciary for Accountability and Trust).
Проектот има цел да придонесе кон зголемување на транспарентноста, отчетноста и довербата на граѓаните во судството преку воспоставување стандардизирани практики за објавување отворени податоци, унапредување на комуникацијата на судовите со јавноста и медиумите и развивање долгорочна стратегиска рамка за отворено судство.
Во рамки на јавниот повик се предвидува ангажирање лица за следните позиции:
- Консултант за комуникации и медиумски обучувач
Ангажманот опфаќа најмногу 20 работни дена, во периодот од септември 2026 до мај 2027 година. - Експерт за информатичка технологија, податоци и интеграција на обрасци
Ангажманот опфаќа најмногу 12,5 работни дена, во периодот од септември 2026 до мај 2027 година.
Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија по електронски пат на [email protected], најдоцна до 19 септември 2026 година до 16:30 часот, со соодветна назнака:
- „Пријава за консултант за комуникации и медиумски обучувач“; или
- „Пријава за експерт за ИТ, податоци и интеграција на обрасци“.
Повеќе информации за работните задачи, потребните квалификации, времетраењето на ангажманот, предвидениот надоместок и постапката за избор се достапни во јавниот повик во прилог.
Преземете го целосниот ЈАВЕН ПОВИК