Документ за јавни политики „Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча“

Нелегалната сеча претставува сериозен предизвик за одржливото управување и заштитата на шумите, со последици врз животната средина, природните ресурси и владеењето на правото. Ефективното справување со овој проблем бара јасна правна рамка, координирано институционално постапување и ефикасни механизми за превенција и санкционирање.

Документот за јавни политики „Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча“ ги анализира домашната правна рамка, институционалните надлежности, прекршочната и кривичната реакција, како и предизвиците во практичната примена на постојните механизми.

Врз основа на утврдените состојби, документот предлага мерки за подобрување на институционалната координација, зајакнување на превенцијата и надзорот и воспоставување поефикасен и поодговорен систем за заштита на шумскиот фонд.

Линк за пристап до документот:  Документ за јавни политики „Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча“

Документот е подготвен во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан“ финансиран од Европската унија, а имплементиран во соработка со МЗМП и Фронт 21/42.

Ana
Share
This