Минатата недела во Академијата за судии и јавни обвинители започна процесот на менторирање на идните ментори, како важен чекор кон воспоставување родово сензитивна менторска програма во правосудството.
Преку тематски менторски сесии, анализа на реални и симулирани случаи и размена на искуства и добри практики, програмата ќе ги поддржи судиите и јавните обвинители во препознавањето и соодветното постапување во случаи на родово базирано насилство и дискриминација.
Активноста се организираше во рамки на проектот „Менторство во правосудството и младински ангажман за родова еднаквост“, имплементиран од Центар за правни истражувања и анализи во партнерство со Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
