Продолжуваат напредните обуки за спроведување на еколошка правда

На 6 ноември 2026 година, во Академијата за судии и јавни обвинители, се одржа уште една напредна обука за спроведување на еколошка правда, наменета за судии, јавни обвинители и судски соработници.

Обуката беше насочена кон зајакнување на знаењата за примената на европските правни стандарди и судската практика во областа на еколошката правда, со посебен осврт на заштитата на животната средина и правата на жртвите на еколошкиот криминалитет.

Судија Мирјана Лазарова Трајковска ја презентираше практиката на Европскиот суд за човекови права во предмети поврзани со еколошкиот криминалитет, осврнувајќи се на поврзаноста меѓу заштитата на животната средина и човековите права. Проф. д-р Тања Каракамишева Јовановска ги обработи релевантните одлуки и практиката на Судот на правдата на Европската Унија, со акцент на европските стандарди во областа на животната средина и нивната примена на национално ниво.

Во рамки на обуката, адвокатот Жарко Хаџи Зафиров ја претстави зелената виктимологија, со фокус на правата и положбата на жртвите на еколошкиот криминалитет и предизвиците поврзани со нивната заштита.

Преку предавањата и дискусиите, учесниците имаа можност да разменат искуства и да разгледаат прашања од практиката поврзани со примената на европските стандарди и спроведувањето на еколошката правда.

Обуката беше реализирана во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина за Зелена агенда за Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија.

Ana
Share
This