EU TAIEX мисија за подготовка на Водич за заштита на човековите права и правото на приватност во дигиталниот простор

Во рамки на проектот “Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот” финансиски поддржан од ЕУ, во тек е подготовка на Водич за заштита на човековите права и правото на приватност во дигиталниот простор за практична употреба на судии, јавни обвинители и адвокати во согласност со праксата и стандардите на ЕУ за заштита на правото на приватност.

За таа цел во соработка со Агенцијата за заштита на лични податоци од 31 Октомври до 2 Ноември 2023 беше спроведена TAEIX експертска мисија за изработка на Водичот. Ангажирана експертка во рамки на ТAIEX мисијата беше Професор Д-р Ева Сухрада-Киршмајер, судија во Федералниот управен суд во Австријa која ќе овозможи насоки за водичот во соработка со локалниот експерт, Александар Гоџо.

За успешна подготовка на Водичот за заштита на човековите права и правото на приватност во дигиталниот простор, TAEIX експертката во соработка со проектниот тим на ЦПИА спроведе интервјуа со Директорката на Академија за судии и јавни обвинители, Наташа Габер – Дамјановска; Наташа Годџоска, Јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство – Скопје; Билјана Коцевска, Судија во Основен кривичен суд Скопје; Валентина Конеска, судија во Управен суд Скопје; Владимир Милошевски, Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје; Леонора Кадрији, Генерален секретар на Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП); Слободанка Славковска, Раководител на Одделение за супервизија над приватниот сектор во рамки на АЗЛП; Бојан Стефановски, Раководител на сектор за дигитална форензика и компјутерски криминал во рамки на Министерство за внатрешни работи, како и експертите ангажирани во рамки на проектот, Елена Мујоска, Ирена Бојаџиевска и Светлана Црвенковска.

Интервјуата овозможија подлабоки сознанија во однос на состојбата на заштитата на личните податоци и правото на приватност во РСМ, нивото на усогласенот со GDPR, воедно и соработката со правосудните институции во однос на повредата на правото на приватност. Овие информации ќе придонесат кон формулирање на Водичот што ќе им овозможи на правосудните институции практични насоки за заштита на правото на приватност на граѓаните во дигиталниот простор во согласност со стандардите на ЕУ.

Ana
Share
This