Подобрување на ефикасноста и ефективноста на административната правда во Република Македонија

About the Project

Во периодот oд јуни 2018 до март 2019, Центарот за правни истражувања и анализи и ревизорската куќа PriceWaterhouse Cooper- PWC Mакедонија го спроведуваа проектот Подобрување на ефикасноста и ефективноста на административната правда во Македонија.

Проектот е дел од програмата Good Governance Fund,  финансиран од UK aid преку Владата на Обединетото Кралство.  Целта на проектот беше да придонесе за зголемување на ефикасноста и ефективноста на административната правда во Македонија преку детален осврт на клучните проблеми и недостатоци во македонското управно судство, како и да понуди поддршка на работната група при подготовката на новиот Закон за управните спорови како дел од Стратегијата за реформа на правосудството 2017-2022 година.

Засегнати страни од проектот се:

1.  Судски совет на Република Северна Македонија

2.  Министерство за правда на Република Северна Македонија

3.  Врховен суд на Република Северна  Македонија

Корисници на резултатите од проектот:

1.  Управен и Виш Управен суд

Проектот беше имплементиран во три фази:

Фаза 1: Функционална и компаративна анализа

Функционалната анализа која врз основа на постојната правна рамка ги анализираше капацитетите на управните судови, системот за управување со предмети, извршувањето на судските одлуки, комуникација со засегнати страни, инфраструктура, информациски капацитети и други оперативни и функционални аспекти.

Преку компаративната анализа беа споделени искуствата на земјите од регионот и ЕУ, со цел да се идентификуваат практиките кои може да се применат на македонскиот контекст. Во таа насока, беа анализирани управните судства на Италија, Хрватска, Словенија, Хрватска и Србија.

Бела книга за управното судство која врз основа на функционалната анализа нуди конкретни законски решенија кои беа поддршка за работната група при креирањето на новиот закон за управните спорови.

Фаза 2: План за подобрување

Преку наодите од функционалната анализа и компаративните искуства, беше развиен план за подобрување во кој беа адресирани критичните точки и предизвици во работата на управните судови. Планот за подобрување опфати и комуникациски план и план за застапување како подетални насоки за унапредување на работата на управното судство.

Фаза 3: Програма за подобрување на капацитетите на управното судство

Во рамки на проектот беа подготвени три курикулуми за зајакнување на капацитетите на управните судови и судската служба, и тоа за организациско работење, раководење со човечки ресурси и комуникација во управните судови.

Период:
01/06/2018 - 01/03/2019
Статус:
Спроведено
Проектот е дел од програмата Good Governance Fund,  финансиран од UK aid преку Владата на Обединетото Кралство.