Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството

За Проектот

Центарот за правни истражувања и анализи започна со имплементација и активности на проектот ,,Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството‘‘.

 

Проектот е дел од грантовата шема на Европската Унија ,,Зајакнување на улогата на граѓанскиот сектор за ефективни реформи во правосудниот систем‘‘ во рамките на ИПА 2 програмата.

Во соработка со Институт за човекови права (ИЧП) во времетраење од 30 месеци, ЦПИА заедно со заинтересираните страни од граѓанскиот сектор ќе работи во областа на постигнување подобри резултати во судството и зајакнување на судските капацитети за поголема ефективност, отчетност и транспарентност во судството, каде крајна цел е зголемување на довербата во судството од страна на граѓаните на Република Северна Македонија.

Како клучни активности во овој проект се предвидени развој на методологија за следење и оценување на законодавството усвоено согласно Стратегијата за реформа на правосудството (2017-2022) и акцискиот план, преку преглед на законите кои директно влијаат врз достигнувањата во судството и формирање на Советодавна работна група составена од членови на граѓанските организации кои работат во областа на правосудството кои врз основа на методологијата ќе ги оценуваат достигнувањата во судството. Притоа во рамките на овој проект ќе се изготви ,,Заеднички протокол за унифицирана имплементација на судските реформи и ефикасност во судството‘‘, и ќе се подготви документ за јавни политики со препораки ориентирани кон акција за транспарентно, одговорно и ефективно судство.

Во проектот покрај ЦПИА како ко-апликант и ИЧП како носител на проектот, партнерски страни се Здружението на Судии на РСМ и Здружението на судска администрација на РСМ.

Проектот е финансиран од страна на Секторот за Централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД) при Министерството за финансии на РСМ.

Период:
02/01/2019 - 21/09/2021
Статус:
Спроведено
Проектот е финансиран од страна на Секторот за Централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД) при Министерството за финансии на РСМ.