Компаративна студија за искуствата поврзани со процесот на избор и оценување во судството во младите демократии

За Проектот

Центарот за правни истражувања и анализи го имплементираше проектот „Компаративна студија за искуствата поврзани со процесот на избор и оценување во судството во младите демократии“, финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија.

Главната цел на проектот беше да ја зголеми позитивната перцепција на јавноста за судството со воведување и истакнување на важноста на процесите на избор и оценување во судството во младите демократии како еден од основните инструменти за независен, непристрасен и професионален судски систем.

Во рамките на порокетот беа одржани фокус групи меѓу релевантните засегнати страни за дискусија за релевантни процеси и механизми на избор и оценување во судството погодни за земјата и беа анализирани ревенатни податоци со цел да се изготви компаративна анализа. Наодите и заклучоците од анализата Проверка на судии во млади демократии беа презентирани на пошироката јавност на соодветен настан. Притоа беше изготвен документ за јавни политики Можности и перспективи за подобрување на квалитетот на судството во Македонија кој беше подготвен врз основа на заклучоците, препораките и стојалиштата собрани од дискусиите на фокус групите.

Проектот беше имплементиран во временскиот период од декември 2017 до мај 2018 година

Период:
01/12/2017 - 01/10/2021
Статус:
Спроведено
Проектот е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија.