За Проектот
Проектот е резултат на континуираната и безбрезервна поддршка која Велика Британија ја дава за подобрување и зајакнување на правосудниот систем во Република Северна Македонија.
Овој проект е одговор на сериозните проблеми и предизвици со кои се соочуваат Јавно обвинителските институции во РСМ и секако потребата од нивно зајакнување. Како продолжение на проектот „Развој и воведување на алатка за следење на перформасите во Јавнообвинителскиот систем во Република Северна Македонија“ има за цел следење на перформансите и практики кои ќе ги поддржат реформските процеси базирани на докази, со цел да се промовира поефикасен и ефективен пристап до правдата за граѓаните и да се зајакне довербата на јавноста во овие институции.
Собирањето на податоците со помош на веќе изготвената алатка преку стандардизиран пристап на собирање и обработка на податоци, ќе развие објективен мониторинг на работата на јавните обвинителства. Ќе овозможи мерење на перформансите на обвинителскиот систем, ќе ги идентификува неговите потреби и слабости и ќе поттикне креирање на поефикасни реформски мерки базирани на докази, а во согласност со меѓународно поставени стандард

Период:
01/07/2024 - 31/10/2024Статус:
Спроведено