Креирање Матрица за мониторинг на перформансите на Јавното обвинителство

За Проектот

Во временски период од јуни 2018 до март 2019 година, ЦПИА и PricewaterhousecCoopers Macedonia, го спроведоа проектот „Креирање на матрица за мониторинг на перформансите на Јавното Обвинителство“.

Проектот е финансиран од UK aid преку Владата на Обединетото Кралство и имаше за цел да го поддржи македонскиот обвинителски систем во неговите напори да ја зголеми независноста, транспарентноста и ефикасноста.

Целта на проектот е постигнување на подобрени перформанси на јавното обвинителство преку транспарентна, темелна и објективна алатка за следење на перформансите. Резултатите од овој проект овозможија поддршка во имплементацијата на стратешките цели дефинирани во Стратегијата за реформи на правосудниот сектор 2017-2022, како и приоритетите на Владата опишани во Програмата на Владата на Република Македонија 2017-2020.

Засегнати страни од проектот се:

1. Министерство за правда

2. Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, Основни јавни обвинителства, Виши јавни обвинителства, Одделение за организиран криминал и корупција

3. Совет на јавни обвинители

4. Специјално јавно обвинителство

5. Академија за судии и јавни обвинители

6. Министерство за внатрешни работи

7. Државен завод за ревизија

8. Јавност

Корисници на резултатите од проектот:

1. Министерство за правда

2. Совет на јавни обвинители

3. Јавно обвинителство на Република Македонија

Постигнати резултати:

1.  Креирање Матрица за мониторинг на перформансите на Јавно обвинителство

Креирањето на Матрицата за мониторинг на перформансите на јавното обвинителство беше преку вклученост на сите засегнати страни и корисници во работна група составена од адвокати, професори, граѓански организации, јавни обвинители, претставници на Министерство за правда итн. Матрицата е креирана врз основа на Компаративна анализа за најдобрите практики за мерење на перформансите и во неа се опфатени најдобрите европски и меѓународни практики и стандарди за оцена на перформансите на обвинителските системи и нивната применливост во македонски контекст.

2.  Тестирање на матрицата на подрачје на Вишо Јавно обвинителство Битола

Во јануари 2019 година ЦПИА и PwC Македонијаспроведоа пилотирање на матрицата, со цел да: се процени нејзината применливост и да се стекнат првични искуства од нејзинотоспроведување; да се утврдат евентуални процесни пречки кои треба да се отстранат пред нејзиното целосно имплементирањеи да се добијат повратни информации од страна на испитаниците од целните групи во насока на нејзино доусовршување и подобрување.

3.  Развивање мапа за имплементација на матрицата и комуникациска методологија меѓу матрицата и крајните корисници.

На ист принцип, преку партиципативен, но и консултативен процес со засегнати страни, беше изработен и документ кој содржи План и методологија за имплементација на матрицата. Овој документ ги поставува улогите и одговорностите на главните корисници на резултатите од проектот (Министерство за правда, Јавно обвинителство на РМ и Совет на јавни обвинители) при користење на креираната алатка,а воедно може да послужи и како претставување на наредни поврзани активности со целосно спроведување на матрицата.

Период:
01/06/2018 - 01/03/2019
Статус:
Спроведено
Проектот е финансиран од UK aid преку Владата на Обединетото Кралство