Поддршка на македонскиот казнено-правен систем во зголемување на ефикасноста и ефективноста во борбата против организираниот криминал

За Проектот

Овој проект одговара на сериозниот предизвик и потребата во  Северна Македонија за засилување на функционирањето на правосудниот систем во успешната борба против организираниот криминал. Проектот е продолжение на претходна иницијатива на WBROLI која го поддржуваше проучувањето на текот на случаите од нивното започнување до нивното решение, вклучувајќи ги различните етапи, процедури и временски рамки. Важен аспект во процесот на анализа на текот на случаите беше да се оцени степенот на ефективно пренесување на одговорноста помеѓу различните институции. Како краен резултат, оваа анализа идентификуваше неколку области за подобрување и оптимизација.

Предложениот проект се фокусира на четирите примарни точки на предизвиците во ланецот на криминалната правда на организираниот криминал идентификувани во анализата.

  1. Недостаток во стратегиите за истражување и низок квалитет на кривичните обвиненија
  2. Низок квалитет на обвиненија
  3. Недостаток на соодветна алокација на ресурси и капацитети за справување со криминалот
  4. Долготрајните судски постапки и недостаток на соработка ја намалуваат ефикасноста во борбата против сериозниот организиран криминал
Период:
01/12/2023 - 31/03/2024
Статус:
Спроведено
Проектот е финансиран од Влада на Велика Британија. Имплементатор на проектот: Chemonics International Inc.