За Проектот
Здружението на судии на Република Северна Македонија и Центарот за правни истражувања и анализи на 1ви јуни 2022, започнаа со имплементација на проектот Поддршка на транспарентноста во судството и промовирање на јавната доверба во правниот систем.
Главната цел е зајакнување на капацитетите на Судско медиумскиот совет да дизајнира и имплементира стратегии, да организира и спроведува тренинг програми, да предлага промена на закони и регулативи, и да извршува целисходни активности кон судството, медиумите и јавноста кои целат да ја зголемат транпарентноста и отчетноста како и да инспирираат доверба во судските институции.
Проектот е дизајниран да ги поддржи судските институции во Република Северна Македонија во нивните напори да ја зголемат транпарентноста, отчетноста и квалитетот на правдата.
Проектни цели:
О1:Зајакнување на капацитетите на судството за навремено и точно споделување на информации со медиумите и јавноста за кривични судски предмети;
О2:Зајакнување на капацитетите на новинарите да навремено и прецизно споделување информации поврзани со кривични предмети и проблеми со владеењето на правото;
О3:Подобрени институционални капацитети на Судско медиумскиот совет;
О4:Развој на план за следење и евалуација на ефектот од спроведување на проектот;

Период:
01/06/2022 - 31/03/2025Статус:
Во тек