Подобрување на квалитетот на правдата во Македонија преку градење на капацитети за судии и мониторирање на судските реформи

За Проектот

Започнувајќи во јули 2016 до март 2018 година, ЦПИА ја имплементираше програмата „Подобрување на квалитетот на правдата во Македонија преку градење на капацитети за судии и мониторирање на судските реформи“ поддржана од Британската амбасада – Скопје.

Програмата имаше за цел да развие и имплементира алатка за проценка на перформансите на судскиот систем во Македонија и да ги подобри капацитетите на судството за униформирана примена на правото и се стремеше кон развој на алатки и методи кои ќе го поддржат македонскиот судски систем во неговите активности за зголемување на независноста и довербата.

Програмата беше имплементирана во временскиот период од јули 2016 до март 2018, преку 3 компоненти:

1. Воспоставување и имплементација на Матрицата на индикатори за правосудството
Резултати:
– Развој на методологија за проценка на придржувањето на судството со стандардите и принципите на ЕУ .
– Пилотирање на Матрицата на индикатори за правосудството во судскиот систем.

2. Зголемени капацитети на судиите во униформирана примена на правото преку употреба на судската пракса
Резултати:
– Развој на Насоки за употреба на судска пракса.
– Градење капацитети за зголемена примена на судската пракса меѓу судиите и судските соработници (унификација на судската пракса).

3. Зголемена свест за економската вредност на правдата во судството и јавноста
Резултати:
– Подготвување, објавување и презентирање на cost benefit анализа на 30 избрани спорови од мала вредност .
– Стартување на кампања за подигање на јавната свест за вредноста на правдата.
– Подготвување на два документи за економската вредност на правдата за експертите и јавноста.

Релевантни чинители, односно засегнати страни на оваа програма се:

– Врховен суд, Виш Управен суд, сите Апелациони судови, Управен суд, сите Основни судови, вработени во судска администрација;
– Совет на Јавни обвинители, Судски Совет;
– Академија за судии и јавни обвинители;
– Јавно обвинителство;
– Министрство за правда;
– Адвокатска комора, Нотарска комора, Комора на извршители, Комора на медијатори;
– Здружение на судии, Здружение на Јавни обвинители, Здружение на судска администрација;
– Државен правобранител;
– Граѓански организации;

Период:
01/07/2016 - 01/03/2018
Статус:
Спроведено
Програмата е поддржана од Британската амбасада - Скопје.