Tркалезна маса со граѓанскиот сектор, медиумите и академската заедница на тема „Презентација и дискусија на нацрт Матрицата за мерење на перформансите на правосудството“

Центарот за правни истражувања и анализи организираше тркалезна маса со претставници од граѓанскиот сектор, медиумите и академската заедници за презентација и дискусија на нацрт Матрицата за мерење на перформансите на правосудството.

Настанот се одржа на 13 април 2017 година во рамките на програмата „Подобрување на квалитетот на правдата во Македонија“, финансирана од Британската амбасада Скопје.

На тркалезната маса учествуваа претставници од граѓанските организации кои работат во областа на правосудството, новинари од медиуми кои известуваат за судството во Македонија како и професори – претставници од академската заедница. Тимот кој ја изготви нацрт матрицата ги презентираше правните области опфатени со матрицата, целните групи и самите индикатори кои ќе бидат показател за состојбата во судството.

Понатаму беше претставена методологијата која ќе биде користена при спроведувањето на Матрицата, а се однесува на медиумите, граѓанскиот сектор и академската заедница.

Присутните гости дадоа коментари и забелешки за индикаторите од Матрицата и ги споделија своите искуства од досегашната соработката со судските и правосудните органи. 

Gorica Nadjinska
Share
This