Дипломиран правник, еден од иницијаторите и основачите на Центарот во 2012 година. Има долгогодишно искуство во креирање и спроведување на проекти поврзани со владеење на правото и развој на демократијата. Таа беше еден од основачите на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во 2003 година и беше претседател на организацијата до крајот на 2008 година, со два мандата. Лидија работела и водела неколку проекти како национален и меѓународен експерт, вклучувајќи го и проектот финансиран од ЕУ посветен на формирањето на Академијата за обука на судии и јавни обвинители (2007-2009). Покрај нејзиниот интерес и стручност во право, Лидија веќе повеќе од 15 години работи во Националниот демократски институт за меѓународни односи (НДИ) на поддршка на политичките институции, организации и поединци во Северна Македонија за прифаќање на најдобрите демократски вредности и практики базирани на искуствата на развиените демократии низ целиот свет.