Документ – Прирачник за работа на судовите во вонредна состојба

Во рамките на проектот ,,Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството‘‘ финансиран од ЕУ и ко-финансиран од страна на Британската амбасада Скопје, преку интерактивни онлајн средби беше подготвен Документ – Прирачник за работа на судовите во вонредна состојба. Во овој документ подготвен е краток осврт на функционирањето на судовите во Република Северна Македонија за време на вонредната состојба и пандемијата со вирусот КОВИД-19, а неговата цел претставува да послужи како основа за понатамошна подготовка за работа на судството во услови на вонредна состојба (елементарни непогоди, вируси и сл.).

Податоците кои се опфатени во овој документ се прибавени преку четири он-лајн работилници со претставници од судовите и судската администрација од сите судови на четирите апелациони подрачја во Република Северна Македонија.

Документот може да го преземете на следниот линк.

Ana
Share
This