Интерактивна обука за ефективно застапување и лобирање

Центарот за меѓународна правна соработка организираше интерактивен тренинг за Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) на тема застапување и лобирање.

Целта на овој интерактивен тренинг се оствари со намена за вработените во ЦПИА да постигнат поголема ефективност при користење техники за лобирање и застапување.

Првиот дел од тренингот се одржа во текот на февруари во Скопје. 

Учесниците добија можност за работа со стратешка комуникациска рамка со цел приближување до надворешната комуникациска акција и важноста на внатрешната комуникација при координирање на истата. Во првиот и вториот ден од обуката, тренерите Сервас Фејертаг и Лен Миделбеек ја објаснија улогата на организацијата преку примена на концептот за организациско учење на Петер Сенџ. Притоа учесниците имаа вежби за проценка на ризици и комуникација во услови на криза.

Третиот ден од тренингот, учесниците разгледуваа различни стојалишта при консултација за примена на правото, а четвртиот ден беше насочен кон теоријата за промена и дискусиите беа фокусирани на длабинска анализа. На последниот ден учесниците ја разгледуваа улогата на промоцијата и користењето на социјалните медиуми за ефективно лобирање. Беше направена и вежба за планирање на идните чекори на циклусот на застапување и примена на правото. Учесниците секојдневно беа вклучени во дискусии и на крајот од секој работен ден имаа простор за рефлектирање на темите кои беа дискутирани за време на обуката.

Наредните тренинг сесии ќе бидат спроведени преку интернет курсеви (средби) за понатамошен развој на вештините на вработените во ЦПИА како и подготвување на детаљна стратегија за организацијата. Ова лето, ќе биде организирана студиска посета со цел на учесниците да им се прикаже холандската постоечка практика како и да се запознаат со холандскиот правен систем.

Овој проект е финансиран од страна на холандското Министерство за Надворешни работи преку Нуффиц (Nuffic – Orange Knowledge Platform) а имплементиран е од страна на Центарот за меѓународна правна соработка.

Gorica Nadjinska
Share
This