Обука на тема ,,Улогата и потребните вештини на менторите на новоизбрани и унапредени судии’’

На 06.06.2023 на апелационото подрачје Битола, се одржа првата обука од серијата обуки на тема ,,Улогата и потребните вештини на менторите на новоизбрани и унапредени судии’’. Целта на обуката беше да се пренесат искуствата од веќе обучените ментори (судии) кои учествуваа на обуката за обучување тутори за новоизбрани и унапредени судии, која беше спроведена од страна на Холандскиот судија и претседател на судот во Зволе, Холандија г-дин Берт Ман и специјалистот за обука на судии, Марина Наумовска – Милевска. Идејата на обуката во Битола беше можност веќе обучените судии да ги пренесат своите искуства со други искусни судии од своето апелационо подрачје, со замисла, тоа понатаму да се примени секој пат кога во судот ќе има нов или унапреден судија.

Обуката беше поделена на два дела, во првиот дел Судија Драган Јаковлевски од ОС Битола, одговараше на прашања и зборуваше за своите почетни предизвици и очекувања како новоизбран судија и В.Д Претседател на ОС Битола, а адвокатот Александар Гоџо зборуваше за искуствата кои лично тој ги имал, во својство на адвокат во споровите пред новоизбран, односно унапреден судија. Во вториот, завршен дел од обуката, во својство на веќе обучени судии, свои излагања имаа: судија Татјана Сусулеска, судија Александар Камбовски и судија Билјана Белеска Пројковска.

Обуката беше предвидена во рамки на проектот ,,Унапредување на квалитетот и одговорноста на Македонскиот правосуден сектор’’ , кој е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.

Ana
Share
This