Трета официјална средба на работната група за развивање на методологија за имплементација на Матрицата на индикатори за правосудство

Одржана трета официјална средба на работната група за Матрицата на индикатори за правосудството.

Во рамките на Компонентата Воспоставување и имплементација на Матрицата на индикатори за правосудството, како дел од програмата „Подобрување на квалитетот на правдата во Македонија“ во Хотелот Мериот се одржа третата официјална средба на работната група која работи на развојот на методологијата за имплементирање на матрица на индикатори за правосудството.

На работната средба беше претставена досегашната динамиката на работа, која пред се претставуваше намалување на првата драфт матрицата која беше изготвена во рамките на минатогодишниот проект на Центарот, исто така поддржан од Британската амбасада Скопје. По намалувањето на бројот на индикатори, правниот тим работеше и на редефинирање и преформулирање на индикаторите, дефинирање на областите опфатени со Матрицата, како и на поставување на целните групи кои ќе бидат опфатени со ова мерење. Притоа беа одржани состаноци со Врховниот суд, апелационите судови и секако Судскиот совет на Република Македонија со цел вклување на сите засеганти страни, како и сеопфатност на областите кои се приоритет на правосудството во Македонија. Во изминатиот период, методологот и статистичарот, во постојана консултација со меѓународниот експерт, ја изготвија и нацрт методологијата по која би требало да се води мерењето со цел да се добијат репрезентативни прашалници.

На средбата беше претставена и методологијата за спроведување на мерењето и се отвори дискусија за најдобриот начин за имплементирање на истата.

На средбата во својство на надворешен експерт присуствуваше и Славица Жерајиќ од Министерството за правда, како и судија Мирјанка Гоцевска Стефановска, член на Судскиот совет и госпоѓа Анита Андоновска, генерален секретар на Судски совет.

Програмата е финансирана од Британската амбасада Скопје.

Gorica Nadjinska
Share
This