Презентација на збирката ,,Анализа на домашната и меѓународната судска пракса – Justice Observers (дел II) ’’

Центарот за правни истражувања и анализи нa 28.11.2023 година ја презентираше збирката ,,Анализа на домашната и меѓународната судска пракса – Justice Observers (дел II) ’’. Збирката е резултат на работата на 33 истакнати правници, кои во периодот од септември 2022 година до ноември 2023 година за потребите на веб – сајтот www.justiceobservers.org анализираа вкупно 39 пресуди, од кои 20 се анализи на пресуди од национални судови, 15 анализи на пресуди на Европскиот суд за човекови права и 4 анализи на начелни ставови на Врховниот суд на РСМ.

Интенцијата на оваа збирка е да придонесе во дебатата за подобрување на квалитетот на правдата во Република Северна Македонија и да ги доближи правните стандарди од ЕСЧП поблиску до правните професионалци, слушателите на почетната обука во Академијата за судии и јавни обвинители, студентите на правните факултети и сите останати правни професии и заинтересирани граѓани кои сакаат да добијат појасен увид во аргументациите на домашните судови и ЕСЧП.

Оваа збирка е еден мал дел од успешната соработка на Центарот за правни истражувања и Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје во рамките на проектот “Унапредување на квалитетот и одговорноста во Македонскиот правосуден сектор”.

Линк до: Анализа на домашната и меѓународната судска пракса – Justice Observers – дел II – Центар за правни истражувања и анализи (cpia.mk).

Ana
Share
This