Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во рамки на проектот „Менторство во правосудството и младинско учество за родова еднаквост“, објавува Јавен повик за ангажирање на експерти за имплементација на родово сензитивната менторска програма во правосудството.
Со јавниот повик се предвидува ангажирање на:
- Позиција 1 – Експерт/ка – правник/правничка
- Позиција 2 – Експерт/ка – родов експерт/родова експертка
Избраните експерти/експертки ќе бидат вклучени во имплементацијата на веќе развиената родово сензитивна менторска програма, преку подготовка на избраните ментори за практична примена на програмата, како и преку непосредно учество во спроведувањето на менторските сесии.
Целта на ангажманот е да се придонесе кон зајакнување на капацитетите на правосудните професионалци за примена на родово сензитивен пристап, препознавање на родовите аспекти во правосудната практика, работа со конкретни случаи и ефективно споделување на знаења и професионални искуства.
Заинтересираните кандидати/кандидатки потребно е да достават детална професионална биографија (CV) на [email protected], со назнака на позицијата за која аплицираат.
Рок за аплицирање: 31 август 2026 година, до 16:00 часот.
Повеќе информации за условите, потребните квалификации и начинот на аплицирање се достапни во целосниот текст на Јавен повик – Менторска програма