Oбука за улогата и унапредувањето на вештините на судиите-менторите

На ден 24ти и 25ти септември во хотел Арка, поранешниот судија и претседател на судот во Зволе, Холандија г-дин Берт Ман и специјалистот за обука на судии, Марина Наумовска-Милевска одржаа обука за улогата и унапредувањето на вештините на судиите-менторите.

Во рамките на оваа обука беа дискутирани организациските и практични вештини потребни на судиите-ментори, како и улогата профилот и функцијата на менторот. Дополнително судијата Берт Ман даде компаративен осврт на системот на воведување на новоизбраните судии во новата функција во Холандија.

Обуката беше одржана во рамки на проектот ” Унапредување на квалитетот и одговорноста во Македонскиот правосуден систем” финансиран со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија.

Ana
Share
This